Македонија произведува здрави, еколошки производи

Bez autora
May 16 2012

Македонија ќе продолжи максимално да ги искористува компаративните предности за органско производство, правната рамка во овој дел е веќе поставена, а финансиската поддршка постојано се зголемува. Се што беше сработено во оваа насока од 2007 година се трансформира во огромен резултат. Ова го изјави заменик-министерот за земјоделство, Зоран Коњановски, на отворањето на конференцијата за органско производство на Институционалната мрежа на министерствата за земјоделство од медитеранските земји (МОАН). Тој напомена дека Македонија и натаму е лидер по органско производство во регионот. Доделувањето дополнителни 30% субвенции директно влијаеше за позиционирање на државата на картата земји кои сериозно го поддржуваат и се повеќе го развиваат концептот на органско земјоделство.

Македонија произведува здрави, еколошки производиМакедонија ќе продолжи максимално да ги искористува компаративните предности за органско производство, правната рамка во овој дел е веќе поставена, а финансиската поддршка постојано се зголемува.

Се што беше сработено во оваа насока од 2007 година се трансформира во огромен резултат. Ова го изјави заменик-министерот за земјоделство, Зоран Коњановски, на отворањето на конференцијата за органско производство на Институционалната мрежа на министерствата за земјоделство од медитеранските земји (МОАН).

Тој напомена дека Македонија и натаму е лидер по органско производство во регионот. Доделувањето дополнителни 30% субвенции директно влијаеше за позиционирање на државата на картата земји кои сериозно го поддржуваат и се повеќе го развиваат концептот на органско земјоделство.

- Во 2007 година поддршката беше околу 180.000 евра, а денес е 1,8 милиони. Ако тогаш имавме 266 хектари под органско производство, денес се евидентирани 5.266 или 2.000 отсто повеќе. Бројот на регистрирани фармери кои се занимаваат со органско земјоделство беше 120, а сега е над 1.300 што е повеќе од 1.000% - посочи заменик-министерот, кој нагласи дека тенденцијата за зголемување на фондот за органско производство.

Според Оливера Бичиклиска, одговорна за органско земјоделство во ресорното министерство, работите одат во добра насока. Интересот на домашните потрошувачи за органските производи е се поголем. Покрај првата специјализирана продавница што почна да работи мината година во ГТЦ, следи отворање на уште една, а тоа укажува на добар, позитивен тренд.

- Се надевам дека купувачите веќе ги забележале и преработките во големите маркети, органски мед, пиперки, сирење - рече Бичиклиска.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik